Хаос во Далас: си замина Карлајл, Дончиќ има свој фаворит за нов тренер

Искусниот стручњак Рик Карлајл, веќе нема да биде тренер на Далас маверикс. Оваа вест доаѓа неколку дена после отказот кој го доби генералниот менаџер Дони Нелсон.

Карлајл беше во Далас цели 13 години, во 2011 ја освои титулата, а договорот му беше до 2023 година. Одлучил да си замине од Маверикс, а се шпекулира дека сака да го преземе Милвоки бакс, но може да замине и во Индијана или Портланд.

Газдата на Далас, Марк Кјубан, ќе треба да најде нов тренер за следната сезона. Една од опциите е Џамал Мозли, кој е фаворит на ѕвездата Лука Дончиќ. Лука неодамна изјави дека смета оти Мозли има квалитети да биде главен тренер во НБА.

- Оглас -

Најнови вести