Хаос во Германија – полицијата реши да се пресмета со навивачите на трибините (Видео)

Сент Паули и Хановер одигра без голови во дербито на Цвајте во германската лига, а фактот дека немаше погодоци, во центарот на вниманието беше тоа што се случуваше на трибините.

Во тек беше 81 минута кога на трибините се случив вистински хаос, кога полицијата реши да влезе во секторот наменет за гостинските фанови и започна да ги тепа. Главниот судија веднаш реши да го прекине дуелот и ги прати фудбалерите во соблекувалните.

Засега не е познато зошто полицијата реши така жестоко да реагира, а по неколку минути, ситуацијата се смири, а мечот го дочека крајот. Сент Паули останува лидер со 27 бодови од 13 меча во кои уште нема пораз (7 победи и 6 нерешени), додека Хановер е трет на табелата со 22 бодови.

Бруталната тепачка може да ја видите ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести