Хаос во Камерун – каменувана куќата на фудбалерот кој даде гол за пораз на оваа земја (Видео)

За многумина фудбалот е нешто повеќе од игра, а Светското првенство сигурно е на врвот во најважната споредна работа на светот. Камерун во првото коло на Мундијалот во Катар загуби од Швајцарија минимално со 1:0, а единствениот погодок го постигна Брел Емболо.

Емболо е роден во Камерун, но како дете заминал во Европа, а во Швајцарија ги направил првите фудбалски чекори и затоа се одлучил да игра за оваа европска земја. Судбината сакаше Емболо да биде стрелец на голот за победа на Швајцарија против неговата родна земја.

Голгетерот воопшто не се радуваше на погодокот, но тоа не значеше дека фановите во Камерун ќе му простат. Во Јаунде кој е главен град на оваа африканска земја, се собраа навивачи на Камерун и тоа да протестираат пред куќата на таткото на Емболо и решија да ја каменуваат.

Едноставно гневот дека Камеруна загуби поради гол постигнат од Камерунец кој игра за друга селекција, беше поголем од ферски прифаќањето на поразот.

Во второто коло од оваа група, Камерун ќе игра против Србија, а Швајцарија ќе се сретне против Бразил.

- Оглас -

Најнови вести