Неизвесната борба за опстанок во италијанската Серија Б придонесува за големи тензии, па така после мечот Јуве Стабија – Виртус Ентела кој заврши 1-1, дефанзивец на гостинската екипа заврши со болница.
Мауро Кополаро во 54-тата минута од средбата доби црвен картон, но незадоволен од одлуката, продолжи да негодува и после натпреварот. Тоа изнервирало еден член на стручниот штаб на Јуве, и тој го нападнал Кополаро, па фудбалерот откако добил силен удар во главата, завршил на испитување во болница, но немал посериозни повреди.
Полицијата и делегатот го регистрирале инцидентот, па на виновниците ќе им бидат изречени казни. Тројца членови на Јуве Стабија се уапсени и тоа техничкиот секретар Пасквале Д’Инверно, напаѓачот Луиџи Каното и еден човек (веројатно член на управата) чиј идентитет не е соопштен.