Харден е наострен за битка против „своите“, во Филаделфија се подготвува „свечен“ пречек за Симонс

Дуелот од кошаркарската НБА-лига помеѓу Филаделфија и Бруклин, кој се игра вечерва со почеток во 1 часот по полноќ по македонско време, предизвикува големо внимание затоа што ова е прва пресметка на овие два клуба откако неодамна направија трампа со која Џејмс Харден се пресели кај 76-ките, а Бен Симонс стана член на Нетс.

Симонс, кој целата досегашна кариера до пред некоја недела ја мина во Филаделфија, вечерва го има првото гостување во градот на братската љубов. Најавите се дека навивачите на Филаделфија ќе го исвиркуваат и навредуваат, иако тој нема ниту да игра, туку ќе биде на клупата за резерви.

Од друга страна, во улога на домаќин ќе биде Брадата Харден, кој не беше омилен меѓу соиграчите додека настапуваше во Бруклин и сега ќе има шанса да им се реваншира. Откако Харден дојде во Филаделфија, тимот има скор 8-2. Нетс има само три победи на последните 20 меча, па и тие ќе имаат мотиви против Харден.

- Оглас -

Најнови вести