Харден и Бруклин го украдоа шоуто во историскиот меч за Леброн Џејмс (видео)

Бруклин нетс ја расипа забавата на Леброн Џејмс и Лејкерс среде Лос Анџелес со триумф од 109:89 во првото големо дерби на двата фаворити за титулата во НБА.

Кралот требаше да слави што влезе во елитно друштво како трет кошаркар во историјата со 35.000 постигнати поени, по Карим Абдул-Џабар и Карл Мелоун, меѓутоа Харден и дружината имаа други планови.

Домаќините имаа контрола врз резултатот само во првите неколку минути од средбата, а потоа цел меч бркаа двоцифрена негатива. Сите обиди за камбек на Лејкерс беа сведени на минимум, по што се чини дека Бруклин на рутински начин стигна до победата, со оглед на тоа дека во последните 10 минути влезе со +25 поени предност.

Кај Лејкерси се почувствува отсуството на повредениот Ентони Дејвис, а Мрежичките очигледно го надополнија неиграњето на Кевин Дурант. Леброн средбата ја заврши со 32 поени, 8 скока и 7 асистенции, што беше далеку од доволно за добар резултат за својата екипа. Харден со дабл-дабл од 23 поени и 11 асистенции ги предводеше Нетс, го следеше Херис со 21 поен.

Торонто славеше на гостувањето кај Милвоки со 110:96, Мајами исто така на гости триумфираше против Сакраменто со 118:110.

- Оглас -

Најнови вести