Харден конечно се појави во Хјустон, но само за тест и да побара трејд во Филаделфија

Најдобриот стрелец на Хјустон рокетс, Џејмс Харден, конечно се појави во „Тојота центарот“ во Хјустон, каде што имаше тестирање за ковид-19, но неизвесно е дали ќе почне да тренира ако резултатите од тестирањето му се негативни. Харден го немаше на првите два дена од подготовките на Ракетите и се шпекулира дека е решен да го напушти клубот. Желба му е да замине во Филаделфија севентисиксерс, кога веќе не го пуштаат во Бруклин нетс.

Деновиве по социјалните мрежи имаше многу шеги на оваа тема, се објавуваа слики од журки на коишто присуствувал Харден наместо да тренира, никој точно не знаеше каде е Харден, а иако денеска се појави, не е сигурно дека тој ќе остане во Тексас и деветта сезона. Од Хјустон немаат намера да го трампаат Харден. Договорот на Харден со Рокетс е до 2022 година.

Хјустон остана без својата втора ѕвезда, Расел Вестбрук, кој преминаво Вашингтон визардс, Рокетс во замена го доби Џон Вол. Тренерот Стивен Сајлас рече дека има причина зошто Харден не се појавил првите два дена, но додаде дека самиот кошаркар треба да им каже на новинарите зошто отсуствувал.

- Оглас -

Најнови вести