Харден сам повеќе од сите заедно во Хјустон, „брадата“ го израмни личниот рекорд со 61 поен

Џејмс Харден го израмни личниот рекорд со импресивни 61 поен против Сан Антонио и постигна повеќе од половината поени на Хјустон во победата од 111:105.

Бекот на домаќините уфрли 9 тројки од 13 обиди и сега е десетти тројкаш на вечната листа на НБА со вкупно 1.979 тројки, минувајќи го Џое Џонсон.

По импресивната претстава против Сан Антонио, Харден објави фотографија на социјалните мрежи од боди-билдинг салата во “Тојота центарот“ како вежба дополнително по мечот.

Сан Антонио имаше предност од 100:94 на неполни пет минути до крајот на мечот, а потоа на сцена стапи Харден. Ги постигна последните 13 поени за Хјустон и речиси сам го победи гостинот.

Резултати: Орландо – Мемфис 123:119 (по продолжение), Кливленд – Л.А. Клиперс 108:110, Њујорк – Денвер 93:111, Торонто – Оклахома 109:116, Хјустон – Сан Антонио 116:109, Милвоки – Мајами 116:87, Л.А. Лејкерс – Бруклин 106:111.

- Оглас -

Најнови вести