Хасани верува во нов успех на Шкендија: Не чекаат поинакви 90 минути во Ереван, но имаме квалитет за поволен резултат

Најпознатиот фудбалер на Шкендија, Ферхан Хасани, кој е поранешен репрезентативец на Македонија е сигурен дека Шкендија ќе го прегрми гостувањето во Ереван против Арарат за пласман на тетовци во следното квалификациско коло за настап во Конференциската лига на УЕФА.

Шкендија отпатува за главниот град на Ерменија со предност од 2:0 од првиот меч, а Хасани вели дека Шкендија ја очекуваат поинакви 90 минути во реваншот.

„Одигравме добар прв меч, но сега ќе биде поинаку, бидејќи играме на гости и Арарат сигурно нема да се предаде.

Мораме да бидеме максимално сконцентрирани и да покажеме дека имаме квалитет. Не се сомневам дека ќе дадеме се од себе за нова победа и пласман во следното коло“, изјави Хасани.

Ако успее да го прегрми и реваншот Шкендија ќе игра со летонскиот тим Валмеира, кој е лидер во првенството.

Реваншот против Арарат ќе се игра утре од 17 часот, а во истиот термин и Академија Пандев ќе го игра реваншот против Лехија на домашен терен и ќе се обиде да ја анулира големата негатива од 1:4.

- Оглас -

Најнови вести