Хауард дефинитивно се враќа во Лејкерс

ЛА лејкерс ја заврши потрагата по центар кој ќе игра на местото на повредениот Казинс. Изборот се падна на нивниот поранешен член, Двајт Хауард, кој по вторпат во кариерата ќе го носи дресот на втората најтрофејна франшиза во НБА лигата. Искусниот центар побара раскин на соработката со Мемфис гризлис откажувајќи се од полонива од 5,6 милиони долари загарантираната годишна плата.

Со ветеранскиот договор со Езерџиите, Хауард ќе може да ги си врати парите доколку остане во клубот најмалку до јануари 2020 година. Лејкерс во изминатиов период беше во преговори со уште двајца кошаркари, во конкуренција беа и Марсин Гортат и Јоакин Ноха, но на крајот изборот се падна на првиот пик од 2004 година.

Хауард беше дел од ростерот на Лејкерс во сезоната 2012/13, но не успеа да се адаптира покрај тогашната прва ѕвезда Коби Брајант, по што следуваше преселба во Хјустон. Минатата сезона беше најлоша досега за Хауард, откако запиша само девет настапи за Вашингтон.

- Оглас -

Најнови вести