Хауард: На ЛОИ ќе играм за Тајван и на САД ќе им дадам 85 поени!

Некогашната НБА ѕвезда, Двајт Хауард, си се покани во американската репрезентација за Олимиските игри во Париз следното лето, а ако не биде повикан во тимот, најави дека „ќе играл за Тајван“ (Тајванците нема да учествуваат на ЛОИ во Париз) и на мечот против САД ќе постигнел 85 поени.

Леброн Џејмс е иницијатор на составување на моќен тим на САД за ЛОИ во Париз, во составот треба да бидат и Кари, Дурант, Лилард, Тејтум, Букер, Дејвис, а и Хауард сака да биде со нив.

„Ми се допаѓа овој состав, но немојте да ме изоставите. Ако го направите тоа, ќе играм за Тајван и ќе ви дадам 85 поени“, се пошегува 37-годишниот Хауард, кој во минатото има играно за САД на олимписки турнир, а сега е најголема ѕвезда во тајванската лига.

- Оглас -

Најнови вести