Хауард потпиша договор кој досега не се памти во НБА-лигата

Пред десетина години Двајт Хауард беше еден од најдоминантните играчи во НБА-лигата. Центарот блескаше во дресот на Орландо, но потоа направи трансфер во Лос Анџелес лејкерс и кариерата му тргна во надолна линија. Менуваше клубови, а последен пат играше за Мемфис.

Хауард сега реши повторно да се врати во Лејкерс и да покаже дека уште има НБА-квалитети. Сепак, челниците на Лејкерс едноставно не сакаат да ризикуваат со Хауард и да не згрешат како што го направија тоа пред неколку години, па му понудија необичен договор.

Центарот потпиша договор кој е ден за ден. Ваквите договори не се невообичаени и најчесто се користат за играчите кои доаѓаат од летната лига, а најчесто траат 10 дена. Невообичаеното кај Хауард е тоа што овој договор ден за ден е предвиден за цела сезона.

Според предвиденото, Хауард ќе заработува 14.490 долари на ден, а ако ја одработи целата сезона, ќе добие 2,6 милиони долари. Сепак, Лејкерс има право во кој било момент да му го раскине договорот доколку центарот не ги оправда очекувањата. Хауард во Лејкерс доаѓа како замена за Демаркус Казинс, кој заработи тешка повреда.

 

- Оглас -

Најнови вести