Каде што застана Хаверц, продолжија Вајзер и Демирбај – Баер го растури Вердер со 4:1 (Видео)

Кај Хаверц блескаше во првото полувреме и со два гола му донесе предност на Баер Леверкузен против Вердер од 2:1, а потоа се разиграа и неговите соиграчи, па Мајкл Вајзер и Керем Демирбај ги разрешија сите дилеми околу победникот.

Баер славеше со 4:1 на „Везер“ во Бремен и ги продолжи надежите за титулата во Бундеслигата. Екстраталентираниот напаѓач Кај Хаверц со два прецизни удари со глава во 28-мата и во 33-тата минута најави победа на фаворитот, што во второто полувреме ја потврдија Вајзер и Демирбај.

Вердер имаше сили само за почесен погодок во 30-тата минута, а стрелец за домаќините беше Гебре Селасие. Со новиот неуспех тимот од Бремен ја продолжи црната серија од седум меча без победа, односно немаат триумф од јануари.

Тие останаа на претпоследното место само со 18 бода и по единствениот меч што се играше во понеделник, во вечерен термин од 20.30 часот, во првото коло во Бундеслигата по пауза од два месеци.

Баер остана на петтото место со 50 бода, но му се приближи на Лајпциг само на еден бод разлика. Баерн е лидер на 8 кола до крајот со 58 бода, пред Борусија Дортмунд со 54, а нивните имењаци од Менхенгладбах имаат 52 на третата позиција.

- Оглас -

Најнови вести