Хаверц се чекираше во Челзи со хет-трик, чудо е како Барнсли игра во Чемпионшип (Видео)

Кај Хаверц се запиша во листата на стрелците во новиот клуб Челзи, а по малку повеќе од еден час игра стигна и до хет-трик против многу слабиот тим на Барнсли во меч од Лига купот на Англија.

Германскиот репрезентативец со трансфер вреден 71 милион фунти стана второто најскапо засилување на Челзи, но не успеа да даде гол на стартните два меча во Премиер лигата, против Брајтон и Ливерпул.

Вечерва ја наполни мрежата на Барнсли, а и тој, и Абрахам и Баркли кои постигнаа по еден гол, ги користеа неверојатните киксови на гостите.

Играчите на Барнсли правеа чудни грешки во опасната зона, па и не личат на тим што игра во Чемпионшип, лига која е втора по квалитет во Англија.

Хаверц беше заменет во 66-тата минута со уште едно големо засилување, Бен Чилвел.

- Оглас -

Најнови вести