Хаверц си билда цена со голови – Испорача два аспирини и за Вердер Бремен (Видео)

Кај Хаверц и вечерва во првиот меч по долгата пауза потврдува дека е еден од најталентираните напаѓачи во Европа и со два прецизни удари со глава му донесе предност од 2:1 на Баер Леверкузен против Вердер.

Во последниот меч од 26-тото коло во Бундеслигата, или прво по двомесечната пауза поради корона-вирусот, 20-годишниот фудбалски бисер блеска на „Везер“ во Бремен.

Кај погоди во 28-мата и во 33-тата минута, а гостите од Леверкузен со неговите голови имаат предност по првото полувреме.

Погодокот за Вердер го постигна Гебре Селасие во 30-тата минута.

Хаверц сега има 10 гола во германското првенство и е во друштво на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд и на Џон Кордоба од Келн, кои имаат еднаков број погодоци за делба на 11-тото место на листата со најдобри стрелци во Бундеслигата.

За младиот напаѓач на Баер се интересираат неколку европски гиганти, во прв ред Баерн, Ливерпул и Борусија Дортмунд, а цената му е околу 100 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести