Хендерсон е подготвен за ѓаволски камбек, ама само ако му гарантираат дека ќе брани

Дин Хендерсон сака да се врати на „Олд Трафорд“ од позајмицата што му тече како прв голман на Шефилд јунајтед, но само под услов да добие гаранција дека ќе брани за Манчестер јунајтед.

Таквата опција и не е нереална како што изгледаше до скоро бидејќи Давид де Хеа не брани добро во последно време и е под бараж од критики.

Можно е шпанскиот голман и да си замине од Манчестер јунајтед, екипа што има резервна варијанта и добар голман со искуство во Премиер лигата во Дин Хендерсон.

Шефилд јунајтед на 37 натпревари во Премиер лигата, на кои на поголемиот дел бранеше Хендерсон, прими само 36 голови, со што е меѓу екипите со најмал број примени погодоци.

Хендерсон бранеше одлично во поголемиот дел од сезоната, а лани за првпат беше повикан во сениорската селекција на Англија, но не бранеше, туку беше резерва.

 

 

- Оглас -

Најнови вести