Хендерсон: Сакав да го убијам Луис Суарес!

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, ја повтори својата шокирачка изјава дека сакал да го убие бившиот соиграч од Црвените, Луис Суарес. Двајцата биле први пријатели на почетокот на престојот на „Енфилд“.

„Секогаш давав максимум кога дојдов во Ливерпул од Сандерленд. Во тоа време бев многу млад и имаше многу работи кои ги правеше Луис, а не му се допаѓаа. Тој мислеше дека не сум доволно добар за да играм во неговиот тим, постојано незадоволно креваше раце кон мене, како да велеше Што по ѓаволите, прави тој тука! Тие негови гестови ми предизвикуваа болка. Еднаш во ист ден го направи тоа три пати, и не издржав, избувнав. Бев спремен да го убијам“ – раскажува Хендо за ситуацијата која се случила одамна.

После таа случка, односите им се затоплиле.

„Од тој момент, имавме добри односи. Уште на следниот меч му асистирав за да даде гол. Постепено се зближивме. Научив многу равботи од него” – вели Хендерсон.

- Оглас -

Најнови вести