Хероина на денот е Софија Гоџа: вчера си скрши два прсти, денеска победи во спуст!

Италијанката Софија Гоџа вчера за време на трката во Сент Мориц (го освои второто место) удри во капија и скрши два прсти, по што беше оперирана во Милано.

Софија денеска пак да се појави на патеката, и не само тоа, туку денеска и победи во спуст трката од Светскиот куп во алпско скијање.

Гоџа беше за 43 стотинки побрза од второпласираната Илка Штухец, и го освои првото место, па сега е второпласирана во генералниот пласман со 50 поени помалку од Микаела Шифрин.

- Оглас -

Најнови вести