Херојот кој ја донесе последната светска титула за Италија ја доживеа најголемата неправда во кариерата

Фабио Гросо се впиша во легендите на италијанскиот фудбал кога во финалето на Светското пренство во 2006 година беше стрелец на последниот пенал против Франција, по кој Аѕурите станаа планетарни шампиони. Гросо погоди од белата точка, а Италија стигна до четвртата светска титула и последна за сега.

По завршување на играчката кариера, Гросо се посвети на тренерската работа. Во сезоната којашто измина, тој беше предводник на екипата на Фрозиноне во Серија Б. Со Гросо на чело, Фрозиноне убедливо го освои првото место дури со 80 бодови, пред втората Џенова, која имаше 73 и Бари со 65 бода.

Иако на феноменален начин го водеше тимот до Серија А, Гросо ќе добие отказ од клубот. Според угледниот „Скај спорт“, клубот решил да не му го продолжи договорот на Гросо и на 30 јуни тој ќе биде слободен, а Фрозиноне ќе бара нов тренер кој ќе ја предводи екипата во Серија А следната сезона.

Гросо во Фрозиноне дојде во 2021 година, и тоа на местото на уште еден поранешен светски фудбалски првак, Алесандро Неста.

- Оглас -

Најнови вести