Херојот на денот е Луис Суарес: Ја плати операцијата на бебе во Бразил

Луис Суарес и неговата жена Софија се хероите на денот, но не поради фудбалски потег, туку поради хуманоста која ја покажаа. Уругваецот реши да ја плати операцијата на едно шестмесечно бебе од Бразил. На бебето му било дијагностициран расцеп на р’бетот и веднаш била потребна операција.

Девојчето требало да се оперира во Бразил, но веста за болеста на бебето стигнала до семејството на Суарес. Луис и Софија се согласиле да ја платат целата сума од 24.000 евра што се потребни за лекувањето.

„Разговарав со Софија и самата може да сфати во каква ситуација се наоѓаме. Бескрајно им благодарам на Суарес и неа за помошта која ни ја дадоа“, изјави Софи, мајката на бебето Делфина.

Операцијата ќе биде извршена следната недела во Калифорнија, во градот Сан Пабло. Иако Суарес многумина не го сакаат поради неговите бурни реакции на теренот, сепак ова е потег за респект и потег кој треба да го применат и останатите големи спортисти за кои сумата за операција и спас на нечиј живот не претставува некој поголем проблем.

 

- Оглас -

Најнови вести