Херојот на Гранада: „Фудбалерите на Барселона ме молеа да сопрам“

Брајан Сарагоса Мартинес е херојот на Гранада кој постигна два погодока за помалку од половина час и донесе голема предност од 2-0 за својата екипа. До крајот на мечот фудбалерите на Барселона успеаја да се вратат, но само да го израмнат резултатот на 2-2.

Младиот 22-годишен фудбалер минатата сезона пристигнал во Гранада, а потекнува од градот и токму затоа ова е остварување на неговиот сон.

„Играчите на Барселона ми честитаа на одличниот натпревар, но за време на натпреварот ме молеа да престанам да трчам“, вели Мартинес.

На прашањето дали е свесен дека стана ѕвезда, тој одговори:

„Успеав само да го земам мобилниот телефон по натпреварот и отворив ‘Инстаграм’. Видов дека имам 5.000 нови фанови. Ова не е нормално.“

- Оглас -

Најнови вести