Херојот на Јужна Кореја е пресреќен: Мило ми е што можев да им дадам ваков подарок на навивачите

Репрезентацијата на Јужна Кореја со победата од 2:1 над Португалија во последното трето коло од групната фаза успеа да обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство.

Победничкиот гол беше постигнат во првата минута од судиското продолжение, а херојот на Кореанците е Хванг Хе-Чан. Со голот кој им ја донесе победата, Кореанците ги шокираа и Уругвајците на кои залудна им беше победата од 2:0 над Гана и на крајот останаа на третото место на табелата во групата Х само поради гол разликата.

Кореанците групната фаза ја завршија со четири бода и гол разлика 4:4, додека Уругвај имаше 2:2 и четири бода.

„ Не можев да играм на првиот натпревар поради проблеми со тетивата на нмогата. На натпреварот против Португалија играв со големи болки, но не ми е гајле. Сакав да им помогнам на соиграчите и успеав во тоа. Мило ми е што можев да им дадам ваков подарок на нашите навивачи“, изјави новиот херој на Јужна Кореја.

Хванг Хе-Чан игра за англискиот премиерлигаш Вулверхемтон, а во Европа е од 2015 година. Тој тогаш заигра за вториот тим на Ред Бул Салцбург, Лиферинг, а по половина година беше прекомандуван во редовите на австрискиот шампион. Во 2020 година ја напушти Австрија и следните две години играше за Хамбургер и Лајпциг, за летово да потпише за Вулверхемптон.

- Оглас -

Најнови вести