Јужна Кореја со гол во судиското продолжение ја победи Португалија и си обезбеди осминафинале

Репрезентацијата на Јужна Кореја со 2:1 ја совлада Португалија и обезбеди пласман во осминафиналето на СП во Катар. Кореанците со победата во последното коло, дојдоа до второто место на табелата во групата Х со четири бода, и тоа благодарение на подобрата гол разлика од Уругвај кој исто така има четири бода. Јужна Кореја има гол разлика 4:4, а Уругвај 2:2.
Кореанците до триумфот дојдоа со пресврт, откако Рикардо Хорта во петтата минута го отвори резултатот.

Израмнувањето дојде во 27-та минута преку Јонг-Квон Ким, а голот вреден пласман во осминафинале беше постигнат во судиското продолжение. Херој на Кореанците е Хе-Чан Хванг кој го постигна голот во 91-та минута.

https://twitter.com/i/status/1598703217130369024

На Уругвајците залудна им беше победата во последното коло над Гана од 2:0 бидејќи со четири бода останаа на третото место на табелата.
Де Араскаета во 26-та и во 31-та минута ги постигна головите за триумф на Уругвај.

- Оглас -

Најнови вести