Херојот на Реал од финалето во ЛШ, конечно потклекна (Фото)

Реал Мадрид имаше фантанстична сезона, па во витрините на „Сантијаго Бернабеу“ пристигнаа трофејот од Лигата на шампиони и пехарот од првенството на Шпанија. Еден од најзаслужните за овие успеси секако е голманот Тибо Куртоа, кој имаше фантастична сезона.

Голманот на Реал Мадрид посебно беше феноменален во финалето од Лигата на шампиони кога беше вистински херој во финалето во Париз и најзаслужен што Реал победи против Ливерпул.

Фудбалерите не Ливерпул не успеаа да го матираат Куртоа, а белгискиот репрезентативен голман сега потклекна, односно клекна и тоа на колено за да ја побара својата девојка жена.

Тибо и неговата девојка Мишел Герзиг беа на краток одмор, а додека беа на една јахта, Куртоа ја изненади Мишел и клекна на колено за да ја побара за жена, а сето тоа го забележаа и папараците.

- Оглас -

Најнови вести