Херојот на Реал подготвува предавство: Лунин потпишува за Атлетико Мадрид?!

Украинскиот голман, Андриј Лунин, неочекувано доби шанса да биде прв голман на Реал Мадрид, а со своите игри и ја оправда довербата на Карло Анчелоти. Тој беше најзаслужен за елиминацијата на Манчестер сити во Лигата на шампионите, со што се отвори патот на Реал Мадрид до трофејот.

Сепак, со враќањето на Тибо Куртоа, Украинецот добиваше сè помала шанса од Карло Анчелоти, а за финалето во Лондон и воопшто не беше во составот поради настинка. Лунин не се согласуваше со ваквата одлука на Италијанецот бидејќи сметаше дека е подготвен, ако ништо друго, да биде резерва, но само да биде учесник на големиот настан.

Неговата моментална вредност е 16 милиони евра, а неодамна се појавија информации дека го продолжил договорот со Реал Мадрид. Сепак, до моментов такво нешто нема, а Украинецот веќе се подготвува да направи трансфер, и тоа во градскиот ривал Атлетико Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести