Херојска приказна: Во јануари му беше дијагностициран рак, а сега е играч на месецот

Сол Бамба е прогласен за играч на октомври во Чемпионшип лигата. Дефанзивецот на Мидлсборо ја доби оваа награда благодарение на одличните партии одиграни изминатиов месец.

Но, почетокот на годината за Бамба ги донесе најлошите вести, каде што му беше дијагностициран рак, по што ја паузираше кариерата и замина на хемотерапии.

Целата таа процедура успешно заврши во мај, по што тој полека се враќаше на терените, тогаш во екипата на Кардиф.

Летово успеа да направи трансфер и да се пресели во Мидлсборо, каде што со своите партии ги одушевува навивачите и раководството на клубот.

Тимот има 21 бод во досегашниот тек од сезоната и е на средина на табелата, но само една победа ги дели од приклучување кон самиот врв.

- Оглас -

Најнови вести