Херцог е под баражен оган – Не успеавме, пакувај се и заминувај

Селекторот на Израел, Андреас Херцог, е цел на жестоки критики на медиумите, па дури има и барања Австриецот веднаш да си замине од кормилото на репрезентацијата.

Утре Израел ќе ни гостува во Скопје, во последниот квалификациски меч и за Македонија и за избраниците на Херцог во квалификациите за ЕП 2020 година. И двете селекции не успеаја, но ќе имаат дополнителна шанса за пласман преку Лигата на нациите.

„Сега не можеме да се вадиме дека имаме шанса преку баражот во Лигата на нациите да одиме на Европско првенство. И таму не заслуживме со пласманот, па личи на некаква политика да играме во баражот. Херцог потфрли, а немаме ни добра фудбалска композиција, играат фудбалери што не заслужуваат бидејќи има подобри од нив, а и методите се погрешни. Полјаците требаше да нè победат со 5:1. Игравме кукавички и затоа Анди пакувај си ги куферите и заминувај!“, пишуваат новинарите на „Спорт5“.

Израелците денеска на пладне полетаа за Скопје, а мечот против Македонија може да им го донесе само третото место во групата, што очигледно е слаба утеха за фудбалската јавност во Израел.

 

- Оглас -

Најнови вести