Херцог има мака пред мечот со Македонија – Захави е повреден, капитенот Натко нема клуб

Еран Захави е повреден, што му прави големи проблеми на израелскиот селектор Андреас Херцог пред квалификацискиот меч со Македонија во Бер Шева на 5 септември.

Најдобриот стрелец во нашата група Г од квалификациите за настап на ЕП 2020 година не играше на дуелот со Шангај СИПГ, а потоа се врати во составот на кинескиот Гвангжу РФ, но беше заменет во 46. минута на мечот со Шенжен за да се поштеди од влошување на повредата. Израелците велат дека сигурно ќе игра против нас.

Захави е топ стрелецот во групата Г со 7 гола, а е и најдобар голгетер во кинеската лига со 24 голови и ќе биде најголем адут на Израел против нас, секако ако настапи.

Херцог има и дополнителни проблеми бидејќи двајца значајни и стандардни репрезентативци немаат клуб. Десниот бек Ели Даса сè уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата, а непознат е и статусот на капитенот на израелската репрезентација Бибрас Натко.

Мечот ќе се игра на „Тарнер стадионот“ во Бер Шева на 5 септември од 20.45 часот.

- Оглас -

Најнови вести