Хет-трик на Кејн, смешна грешка на бугарскиот голман и убедлива победа на Англија (Видео)

Хари Кејн постигна нов хет-трик за Англија, репрезентација која ја декласира Бугарија со 4:0 и со само три одиграни натпревари во квалификациите за ЕП 2020 година е лидер во А групата.

Работата на домаќините на „Вембли“ им ја олесни Пламен Илиев Иванов со кардиналната грешка во 24. минута. Се обиде да покаже дека знае да игра и погреши при доадавањето, а Стрелинг го искористи киксот и со асистенција му овозможи на Кејнда ја започне голеадата.

Подоцна шпицот на Тотенхем двапати погоди од белата точка, а еден гол даде и Стерлинг за убедливи 4:0.

https://www.youtube.com/watch?v=LnYRoFmFpBA

Англија има максимален учинок и со 9 бода е лидер во А групата, пред Косово со 8 бода од четири натпревари и Чешка со 6.

Убедливи победи забележаа и Исланд против Молдавија со 3:0 и Украина со идентичен резултат на гостувањето кај Литванија.

Исланд со 12 бода од пет натпревари е моментно на врвот во Х групата, а истата позиција ја има и Украина, но со 13 бода од пет меча во Б групата.

- Оглас -

Најнови вести