Хет-трик за Азар, пет од пет за Челзи

Челзи го следи Ливерпул во чекор, ја забележа и петтата победа по пет меча во Премиер лигата, со триумфот над Кардиф од 4-1. Кардиф ја изненади публиката на „Стемфорд бриџ“ со погодок на Бамба во 16-тата минута, а „сините“ кон крајот на првиот дел го свртеа резулатот во своја корист. Азар прво погоди во 37-та минута, потоа и во 44-тата минута. Во вториот дел мрежите мируваа до 80-тата минута, кога Белгиецот реализираше хет-трик со гол од пенал, а само три минути подоцна Вилијан ги постави конелните 4-1.

Челзи по пет меча е на чело на табелата во англискиот шампионат, со пет победи исто колку и Ливерпул, но „сините“ имаат подобра гол разлика со денешната победа.

Манчестер сити рутинирано славеше против Фулам со 3-0, со головите на Сане, Силва и Стерлинг. Арсенал му нанесе нов пораз на Њукасл, славејќи гостинска победа од 1-2. Голеада имаше на мечот Бурнемаут – Лестер, кој заврши со резултат од 4-2 во корист на „црешите“. Кристал палас славеше со минимални 0-1 на гостувањето кај Хадерсфилд.

РЕЗУЛТАТИ ПРЕМИЕР ЛИГА 5. КОЛО:

Челзи – Кардиф 4-1

Бурнемаут – Лестер 4-2

Хадерсфилд – Кристал Палас 0-1

Манчестер сити – Фулам 3-0

Њукасл – Арсенал 1-2

- Оглас -

Најнови вести