Хезоња повторно ги воодушеви навивачите на Партизан!

Реал Мадрид ја доби возбудливата серија против Партизан со 3-2 откако ја доби „мајсторката“ со 98-94. Навивачите на Партизан се тажни бидејќи имаа водство од 2-0, а на крајот останаа без фајнлфор во Евролигата, но Марио Хезоња уште еднаш покажа колку ги цени „црно-белите“ од Белград.

Тој на социјалните мрежи напиша:

„Им честитам на Партизан, на целата организација и на нивните навивачи за прекрасната сезона која ја имаа и им посакувам сè најдобро во иднина. Историска серија. Ве почитувам!“

- Оглас -

Најнови вести