Химки го врати тренерот со којшто освои две титули во Еврокупот

Римас Куртинаитис е нов тренер на евролигашот Химки. Литванската легенда на клупата на клубот од московскиот регион доаѓа како наследник на Јоргос Барцокас. Договорот на Куртинаитис е до крајот на оваа, со опција за продолжување и во целата следна сезона.

Некогашната кошаркарска ѕвезда Куртинаитис, кој има 56 години, во 1988 освои олимписко злато со репрезентацијата  на некогашниот СССР, со Литванија има две бронзи од ОИ. Од 2011 до 2016 веќе седеше на клупата на Химки и со клубот освои две титули во Еврокупот, па Химки сакаше да го врати човекот за кого се врзани најголемите успеси. Во минатата сезона, Куртинаитис го водеше Литвос ритас.

Гркот Барцокас, кој дојде во Химки во летото 2017 година и со кого тимот првпат влезе во плејофот на Евролигата, е сменет по недоволно добри резултати, а една од причината за билансот во Евролигата и ВТБ-лигата се и повредите, меѓу кои најзначајна е онаа на првиот стрелец Алексеј Швед.

- Оглас -

Најнови вести