Химки му скрои капа на Армани Милано

Химки ја прекина серијата од три порази против Армани Милано и вечерва успеа да го победи италијанскиот тим со 87:79 во меч од осмото коло во Евролигата.

https://twitter.com/EuroLeague/status/1195026924734537728?s=20

Алексеј Швед со 24 поени повторно беше најефикасниот кошаркар на рускиот клуб, а одлично одигра и Јонас Јеребко, кој постигна 19 поени само со едно промашување за двојка и едно за три поени.

Последната четвртина што ја добија домаќините со 22:14 го одлучи и победникот на мечот, а голем пад во играта имаше италијанскиот тим.

Ветеранот Луис Скола беше најефикасен кај гостите со 16 поени, а Рол беше веднаш зад него со 14 поени.

Сега и двете екипи имаат по 6 победи и два порази на второто и на третото место на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести