Хиршер доминираше на велеслаломот

Австриецот Марсел Хиршер покажа дека е незадржлив, откако на убедлив начин стигна до победа на вечеслаломот кој се возеше во Вал Д’Исер, во рамките од светскиот скијачки куп. Хиршер до првото место стигна со време од 1:42:99. Зад него се пласираше Хенрик Кристоферсон од Норвешка со заостанување од 1,18 секунди, додека трет заврши Швеѓанецот Матс Олсен кој имаше време од 1:44:30.

Хиршер е лидер и во Светскиот куп во велеслалом со 180 бодови, додека Кристоферсон е втор со 130 бодови. Австриецот е прв и во вкупниот поредок со 280 бодови, а зад него е Макс Франц со 238 бодови.

 

 

- Оглас -

Најнови вести