Хиршер како „лавина“ ја поклопи конкуренцијата

Осма победа и 15-ти подиум за австрискиот скијач Марсел Хиршер на трките возени во швајцарски Аделбоден, со што е рекордер по успешност на оваа патека. На една од најтешките велеслаломски патеки на светот, тој доминираше, па 30-те илјади гледачи немаа што друго да прават псвен да го поздрават.

Хиршер сега во кариерата има 32 победи во велеслалом. Тој беше втор по првото возење, но во второто беше феноменален и ја разби конкуренцијата. Второто место му припадна на Хенрик Кристоферсен од Норвешка со 71 стотинки заостанување, иако по првата трка тој беше побрз од Хиршер за 12 стоти делови од секундата. Место на подиумот имаше и за Томас Фанара од Франција.

Викендов требаше да има спуст и супервелеслалом за жени во Сент Антон, но трките беа одложени поради големо невреме. Одложениот спуст ќе се вози следниот викенд во италијанскиот ски центар Кортина Д`Ампецо, па таму наместо планираните две, ќе има три трки, додека судбината на одложената трка во супер-џи, засега не е позната.

- Оглас -

Најнови вести