Хиршер славеше на слаломот во Загреб

Австрискиот специјалист за слалом, Марсел Хиршер, е победник на денешната слаломска трка на планината Слијеме крај Загреб. Второто место го освои Алексис Пантуро од Франција со заостанување од 60 стотинки, додека третата позиција му припадна на Мануел Фелер од Австрија, со 62 стоти делови од секундата послабо вкупно време од победникот и негов сонародник.

Трагичар на трката беше Марко Шварц, кој беше најбрз по првото возење, но не го заврши втората возење и остана без шанса да се најде на подиумот. Од Хрватите, кои имаа поддршка од десетина илјади фанови, најдобар беше Исток Родеш кој го освои седмото место и тоа му е најдобар пласман во кариерата.

За Хиршер, ова е 64-та победа во кариерата, а 30-та во слалом, а петта во Загреб.

- Оглас -

Најнови вести