Хит: Додека капитенот на БиХ во занос покажуваше мускули, следуваше забивање преку него (Видео)

Евробаскетот 2022 за денеска на менито нуди нова порција од шест натпревари, после кои ќе се знаат сите осминафинални двојки.

Србија и Полска ќе се борат за прво место во групата, и ќе решаваат кој да игра против Хрватска. Чесите и Израелците имаат меч да се биде осминафиналист или не, па и денеска ќе биде интересно да се следат настаните на првенството.

Една од репрезентациите кои испаднаа и нема да играат осминафинале е Босна и Херцеговина. Нивниот капитен Миралем Халиловиќ вчера имаше потег кој го направи ѕвезда на социјалните мрежи.

Халиловиќ го изблокира Домантас Сабонис кој сакаше да забие, па почна да прославува, наместо да следи што се случува околу него. Додека се радуваше и покажуваше мускули колку е јак, топката дојде кај Арнас Буткевичиус, кој брутално заби преку него, па му го помати задоволството од блокадата.

- Оглас -

Најнови вести