Манчини на играчите им го кажува составот за финалето и кога дојде до лев бек, ги насмеа сите (Видео)

Пред финалето на ЕВРО 2020, италијанскиот селектор кога го кажуваше почетниот состав со кој Аѕурите ќе истрчаат на „Вембли“, кога дојде до позицијата лев бек, на таблата го напиша Спинацола, за кого се знаеше дека не може да игра поради повреда. Со ова Манчини сакаше да внесе хумор и да ги опушти играчите пред суперважниот меч.

Секако, откако се насмеаја сите, Манчини потврди дека Емерсон ќе биде на местото на кое играше популарниот и несреќен Спина, кој се повреди во четвртфиналето против Белгија. Потоа селекторот одржа и краток говор.

„Нема што многу да ви кажам, знаете дека не сте случајно тука. Самите сме си господари на својата судбина, а не судијата, противниците или некој друг. ОК? Вие знаете што треба да направите“, порача Манчини.

- Оглас -

Најнови вести