Хит на денот е видеото кое вирално се рашири на социјалните мрежи, во кое Јирген Клоп го потврдува „ангажманот“ во Војводина, српскиот фудбалски клуб од Нови Сад.
Мирослав Тањга, поранешниот српски репрезентативец и своевремено соиграч на Клоп во Мајнц, го објави видеото со кое го насмеа целиот Балкан.
Тој испраќа порака до претседателот на Војводина дека потрагата по нов тренер е завршена и веќе ги договорил условите со Германецот.
„Претседателе, морам да ти кажам нешто. Ти најдов нов тренер, сите услови се договорени, сега и самиот ќе ти потврди“, вели Тањга, а потоа во кадарот налето добро познатото лице.
„Нема проблем, напред Војводина. Војводина Нови Сад“, згрми Клоп.
Hit video! Klop peva “Vojvodina Novi Sad!” /video credit: Miroslav Tanjga/ pic.twitter.com/tegN7A0unk
— Balkan Sports (@BalkanSports) June 20, 2022