Хит на месецот е тренерот на Спортинг Хихон, го нарекоа Мурињо два: Освен што ни дадоа пет гола, шанса не направија

Тренерот на Спортинг Хихон, Абералдо Фернандес, се обиде да го крене моралот кај своите фудбалери и имаше интересна прес-конференција пред мечот со Еибар, вечерва од 21 часот во шпанската Сегунда.

Спортинг го загуби претходниот меч со Гранада на гости со 5:0, а Фернандес на прашањето на новинарите дали клубот е во криза и како ќе успее да се врати по таков дебакл, одговори:

„Освен тие пет гола, ниедна шанса не ни направија“, рече Фернандес. Ова е слична изјава на таа на Жозе Мурињо по идентичниот пораз на Реал Мадрид од Барселона на „Камп ноу“ во ноември 2010 година.

Сега шпанските медиуми се шегуваат со Фернандес и пишуваат дека се појави Мурињо два во шпанскиот фудбал.

 

- Оглас -

Најнови вести