Хит снимка: Дончиќ уште како детенце дома имал кош и забивал

Лука Дончиќ е кошаркарот кој сезонава блеска во НБА-лигата. Словенецот ја игра само втората сезона во најсилната кошаркарска лига, а веќе е незадржив. Речиси да нема меч на кој Дончиќ поставува некој НБА-рекорд. За тоа како игра Дончиќ, има илјадници клипови и снимки, но од неодамна се појави снимка на која Лука Дончиќ како детенце игра кошарка во својот дом со татко му Саша.

Саша Дончиќ беше кошаркар, па во рамките на една телевизиска емисија се снимало во домот на кошаркарот. Уште на влезната врата, новинарот го пречекал малиот Лука. Во текот на прилогот Саша објаснува дека Лука сака да игра видеоигри, но и дека ја има засакано кошарката и уживаат да играат меѓу себе.

Лука дури покажува како знае да забие во обрачот на кошот наменет за негова висина.

https://twitter.com/LukaDoncicNews/status/1197394217997422592

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести