Хит: Верати се средуваше за запознавање со Ѓоковиќ и потсети на Мистер Бин со кралицата (Видео)

Симпатична сцена беше снимена во Монте Карло, каде што најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, имаше средба со фудбалските ѕвезди на ПСЖ, Нејмар и Марко Верати. Србинот покажа и какво фудбалско знаење има, а интересен кадар беше снимен при запознавањето и поздравувањето на Новак со Нејмар и Верати.

Додека чекаше да му дојде редот за поздравување со Ѓоковиќ, Италијанецот Верати си ја средуваше кошулата за да изгледа топ пред тениската суперѕвезда. По социјалните мрежи има многу сеирџиски коментари, меѓу кои и дека Верати потсетил на скечот со Мистер Бин кога се спремаше да се поздрави со британската кралица.

Погледнете:

https://twitter.com/i/status/1513541552290910208

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести