Хјустон може и без Харден, Пеликаните не се шегуваат (видео)

Со две последователни победи над Сакраменто, Хјустон влезе во победнички ритам и овојпат без првата ѕвезда Џејмс Харден славеше со 102:94 против Кингс.

Брадата се појави на загревањето, но се здоби со ситна повреда на глуждот и го пропушти дуелот. За среќа на Ракетите, Џон Вол беше расположен и каков втор лидер ја одведе екипата нов триумф.

Вол блесна со 28 поени и шест асистенции, ефикасен меч одигра и Кристијан Вуд со даб-дабл од 20 поени и 15 скока, па отсуството на Харден не се примети многу.

https://www.youtube.com/watch?v=TzdpJp6ywyM

Пеликаните од Њу Орлеанс рано во сезоната се наметнуваат меѓу водечките екипи на Западот, а ноќеска го надиграа шампионот од 2019 година со 120:116, тимот на Торонто, кој очајно ја стартуваше новата сезона.

Дуото Инграм (31) – Вилијамсон (21) комбинираше 52 поени во победата за која домаќините мораа да се мачат до речиси последен момент. Репторси во последниот период надополнија двоцифрена негатива, но во последните две минути гостите потфрлија.

Ерик Бледсо исто така запиша одлична партија со двоен учинок од 19 поени и 10 асистенции.

Останати резултати НБА:

Индијана 102:106 Њујорк, Орландо 99:108 Оклахома, Филаделфија 127:112 Шарлот, Атланта 91:96 Кливленд.

- Оглас -

Најнови вести