Хјустон проработи на -15, Сан Антонио и Торонто убедливи

Хјустон рокитс го совлада Портланд при конечни 111:104 за прекинување на мини-серијата од три порази. „Ракетите“ лошо ја стартуваа средбата во „Тојота центарот“, па по негативата од 15 поени, домаќините проработеа и им се реваншираа на Блејзерси за поразот од пред два месеци.

Харден застана на 29 поени и четири асистенции, додека Крис Пол ја одбележа вечерта со неговиот 15-ти трипл-дабл учинок во кариерата, реализираше 11 поени, исто толку скока и 10 асистенции. Кај поразените, Лилард беше најрасположен со 34 поени.

 

Сан Антонио спарс ја запиша 14-тата овосезонска победа совладувајќи ги Феникс санс со убедливи 111:86. Домаќините го контролираа мечот од самиот почеток, а средбата беше практично решена по третиот период.

Спарси ги предводеше Брајан Форбс со 24 поени и 11 скока, Олдриџ додаде 18 поени, додека за Феникс како најефикасен се истакна Ентони Ворен.

Торонто репторс ги растури ЛА клиперс со конечни 123:99. Лидерот од Источната конференција и без Кавај Ленард немаше проблеми на гостувањето во „Стејплс центарот“, шестмина други играчи се потрудија да не се почувствува отсуството на најдобриот поединец на Репторси.

Од нив, најефикасни беа Ибака со 25 и Лаури со 21 поен, додека српскиот „џин“ Бобан Марјановиќ максимално ги искористи своите 15 минути на теренот реализирајќи 18 поени.

И Теодосиќ одигра десетина минути, во кои оствари три асистенции, а две од нив беа во негов стил.

https://twitter.com/NBATV/status/1072705692056743936?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1072705692056743936&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FKosarka%2FNBA%2Fa260795-Teo-odusevio-Amere-Bobi-najefikasniji-u-porazu-LAC.html

- Оглас -

Најнови вести