Жестока тепачка во НБА: Летаа тупаници меѓу Ибака и Крис (Видео)

Бокс-меч во НБА-лигата. Ова е накратко објаснувањето за тоа што се случи на дуелот Кливленд – Торонто, а во главни улоги беа Серж Ибака од Торонто и Маркес Крис од Кливленд. Инцидентот се случи пред крајот на третата четвртина. Остануваше само уште една секунда, а Торонто се обиде да направи акција за да постигне поени.

Топката високо беше фрлена кон Ибака, кој не успеа да ја фати и падна на подот. Играчот на Торонто беше во дуел со Крис, а откако стана од паркетот, веднаш се стрча кон противникот и го фати за вратот. Потоа, двајцата кошаркари започнаа да маваат со боксови, но, за среќа, не беа многу успешни, а судиите веднаш ги исклучија и сега сигурно ги очекува и дополнителна казна.

https://twitter.com/i/status/1105273641099378691

За Ибака, ваквите инциденти не се непознати. Точно пред две години, односно во март 2017 година, Ибака учествуваше во уште еден голем инцидент, кога на мечот против Чикаго се степа со Робин Лопес.

Од кошаркарски аспект, утрово Хјустон рокетс продолжува со триумфалната низа. „Ракетите“ на теренот со 118:106 беа подобри од Шарлот и стигнаа до деветта победа во низа.

Џејмс Харден со 28 поени и Ерик Гордон со 22 поени беа лидери во победничкиот тим. Кемба Вокер беше најдобар кај Шарлот и заврши со 40 поени и 10 скока, но Шарлот само со еден расположен играч не можеше да се надева дека ќе стигне до победа на ова тешко гостување. Домаќините најмногу водеа со 28 поени, но на почетокот на последната четвртина предноста беше намалена на разлика од 13.

Предноста на домашен терен ја искористија уште четири екипи утрово, а само Оклахома си заминува победнички од гостувањето кај Јута, во меч на кој двете екипи не ја надминаа бројката од 100 поени.

Резултати: Кливленд – Торонто 126:101, Вашингтон – Сакраменто 121:115, Бруклин – Детроит 103:75, Хјустон – Шарлот 118:106, Јута – Оклахома 89:98, ЛА клиперс – Бостон 140:115.

 

- Оглас -

Најнови вести