Хоакин погоди од корнер, Гамеиро со последен здив ги спаси „лилјаците“ (видео)

Бетис и Валенсија ремизираа при конечни 2-2 во првиот полуфинален дуел во Купот на Кралот. Бетис пропушти огромна шанса со предност од еден гол да го чека реваншот на „Месталја“, но Гамеиро во финишот на средбата успеа да избори реми за „лилјаците“.

Домаќините имаат голем мотив да се пласираат во финалето на шпанскиот Куп бидејќи за првпат во историјата завршниот меч ќе се игра на нивниот стадион „Бенито Вилјамарин“.

Бетис поведе преку Лорен пред крајот на првото полувреме, додека само по девет минути во вториот дел Хоакин зголеми на 2-0, и тоа со мајсторски погодок од корнер. Топката ја помина линијата од голот иако Доменех експресно ја извади, но од ВАР-собата се огласија дека голот е регуларен. Черишев во 70-тата намали на 2-1, а за конечен резултат погоди Гамеиро буквално во последните секунди од средбата.

Реваншот е закажан за 28-ми февруари, со почеток од 21 часот.

https://www.dailymotion.com/video/x721aiv

https://www.dailymotion.com/video/x721bdd

- Оглас -

Најнови вести