Хофенхајм дојде и испиша историја во Гелзенкирхен

Ишак Белфодил е незапирлив, постигна 11 голови на последните 10 Бундеслигашки натпревари за Хофенхајм, а заедно со соиграчите вчера запиша историски настап на „Велтинс“ арена во Гелзенкирхен.

Хофенхајм славеше со 5:2 и е првиот гостински тим што постигнал пет голови на „Велтинс“ арената, која е отворена со прв меч во 2001 година.

Белфодил постигна два гола и го предводеше својот тим до нов успех. Шалке 04 претрпе тежок пораз, а последен кој воопшто му дал пет гола на клубот од Гелзенкирхен пред тоа да го стори Хофенхајм е тимот на Бохум.

Во меч што се одигра во 1998 година Бохум славеше со 6:0 на стадионот на Шалке 04, кој три години подоцна беше ребрендиран и го носи името „Велтинс“ арена, или многу попознат како „Ауф Шалке“ арена.

- Оглас -

Најнови вести