Хофенхајм ги шокираше Милионерите и ги остави Елмас и Лајпциг во игра за четвртото место кое води во ЛШ (Видео)

Хофенхајм го приреди најголемото изненадување во 23-тото во Бундеслигата победувајќи ја Борусија Дортмунд со 3:2 и тоа пред нејзините гледачи на „Сигнал Идуна парк“.

Хофенхајм до триумфот дојде со пресврт откако Милионерите по првото полувреме водеа со 2:1.

Хофенхајм поведе уште во втората минута со голот на Бебоу, но Борусија до кајот на првото полувреме успеа да направи пресврт.

 

Прво Дени Мален во 21-та минута израмни на 1:1, а само четири минути подоцна, Нико Шлотенберг погоди за 2:1.

Но, во второто полувреме, на Хофенхајм му дојде редот да направи пресврт за само четири минути.

Максимилијан Бејер ги постигна двата гола за триумф на неговиот тим, во 61-та минута израмни на 2:2, а во 65-тата погоди за 2:3.

Интересно е што ова е прва победаа ана Хофенхајм во 2024 година, и прва по пауза од осум меча во Бундеслигата. Последниот триумф го остварија на осми декември 2023 година.

И покрај поразот, Борусија Дортмунд остана на четвртото место на табелата со 41 бод, само еден повеќе од тимот на Елиф Елмас, Ред Бул Лајпциг, додека Хофенхајм е седми со 30 освоени бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести