Хофенхајм и Леверкузен без муниција на последниот понеделнички бундеслигашки меч сезонава

Хофенхајм и Баер Леверкузен не ризикуваа премногу и одиграа 0-0 во последниот натпревар во Бундеслигата сезонава кој се играше во понеделник. На радост на фановите, донесена е одлука веќе да нема средби во овој термин и сите дуели од германскиот шампионат ќе бидат од петок до недела.

Вечерва не изостана борбата, но Хофенхајм и Баер не ги совладаа противничките голмани, двата тима заедно имаа само три шута во рамките на головите.

Со овој бод, Хофенхајм направи чекор кон опстанок, а Леверкузен испушти прилика да се изедначи по бројот на бодови со Борусија Дортмунд, која е петта на табелата, но со малку шанси да избори пласман во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести