Хокеарски битки за превласт во Канада и Флорида

Голден стејт вориорс – ЛА Лејкерс (Кошарка, НБА претсезона, 02.00 часот)

За двата тима од Калифорнија, ова се први подготвителни мечеви, па затоа веруваме дека ќе има многу поени. Традиционално, посилно оружје на двете екипи е нападот. Ќе играат во комбинирани состави, а особено интересно ќе биде да се види засилениот Лејкерс. Најавите се дека Леброн Џејмс ќе игра како плејмејкер, а Ентони Дејвис како центар. Кај Вориорс, Дрејмонд Грин и Стеф Кари нема да играат повеќе од 20 минути, додека Томпсон е повреден.

Предлог тип: >226.50 (1.90)

 

Хјустон астрос – Тампа Беј рејс (Бејзбол, МЛБ плејоф, 03.07 часот)

Хјустон води со 1-0 во победи, Астрос првиот меч од оваа серија го добија со 6-2. Хјустон на свој терен има четири победи на последните пет дуели со Зраците. Според квотите, домашните се фаворити, а за тие што бркате поголеми коефициенти, ви предлагаме да не го чекате конечниот тип, туку да се обидете со прогноза дека Хјустон ќе го добие првиот ининг на натпреварот.

Предлог тип: 1 пол. (2.70)

 

Флорида пантерс – Тампа беј лајтнинг (Хокеј, НХЛ, 01.00 часот)

Тука гостите се фаворити, а дека се посилни од ривалот од Флорида, покажаа и на стартот на сезоната кога победија со 5-2. Ова се тимови кои одлично се познаваат, трипати играа меѓусебе и во последните десетина дена во подготвителниот период. Флорида не е без шанси, знаела да ја победува Тампа, но ова се официјални мечеви и Молњите ќе сакаат за престиж да се потврдат како најдобар тим во својата сојузна држава.

Предлог тип: 2 (2.15)

 

Торонто мејплс лифс – Монтреал канадиенс (Хокеј, НХЛ, 01.00 часот)

Големото канадско дерби би требало да му припадне на Торонто, кој веќе има две победи во регуларната сезона. Монтреал играше еднаш и загуби во продолжение со примен златен гол. Јаворовите листови дадоа девет гола во првите два настапи, исклучително се ефикасни, и госитте тешко ќе ги запрат. Последните два домашните меча против Монтреал, Торонти ги доби со по три гола разлика.

Предлог тип: 1 (1.85)

 

Нешвил предаторс – Детроит ред вингс (Хокеј, НХЛ лига, 02.00 часот)

За Детроит ова е прв меч сезонава, додека Нешвил стартуваше со убедлива победа од 5-2. Предаторите се опасен домаќин, Црвените крила се тим кој ретко победува на гости во последно време, па изгледа дека Нешвил ќе го добие натпреварот. Но, традицијата е на страна на Детроит кој ги доби последните пет гостувања во Нешвил. Детроит не загубил од Нешвил уште од 2013 година, можеби дојде редот да се прекине традицијата.

Предлог тип: 1 (1.70)

 

- Оглас -

Најнови вести